Правилник за користење на co-working просторот

1. Почитувај го просторот

  • Внимавај на мебелот, опремата и работните површини.
  • Одржувај ја својата работна маса чиста.

2. Почитувај ги другите

  • Користи слушалки за разговори, видеа и музика, или премини во салата за состаноци или кабината со звучна изолација.
  • Внимавај на јачината на звукот.
  • Почитувај го личниот простор на другите и избегнувај непотребни прекини.

     

3. Сали за состаноци и заеднички простории

  • Резервирај ја салата однапред и почитувај го времето на резервација.
  • Остави ја просторијата чиста и спремна за следниот корисник.
  • Kористи ja одмерено заедничката опрема (печатачи, кујна, lounge зони).

     

4. Интернет и технологија

  • Користи го интернетот одговорно и законски.
  • Не се обидувај да пристапиш, измениш или оштетиш туѓи уреди или мрежата.

     

5. Храна и пијалоци

  • Добредојдени се во означените зони.
  • Исчисти по себе веднаш по јадење.
  • Стави ознака на своите продукти во фрижидер и почитувај туѓи работи.

     

6. Безбедност и сигурност

  • Чувај ги своите лични работи – користи ги приватните шкафчиња.
  • Не споделувај картички, клучеви или шифри со лица што не се членови.
  • Пријави какви било оштетувања или проблеми.

     

7. Гости

  • Гости се дозволени само со претходна резервација во салата за состаноци.
  • Клиентот е одговорен за однесувањето на своите гости.

     

8. Професионално однесување

  • Просторот користи го само за легални, етички и професионални активности.
  • Секое вознемирување, дискриминација или навредливо однесување е строго забрането.

     

9. Одржливост

  • Внимавај на потрошувачката на струја, вода и хартија.
  • Фрлај ги отпадот и користи ја рециклажата каде што е можно.

     

10. Членство и плаќање

  • Членарините и плаќањата мора да бидат навремени.
  • Непочитувањето на правилата може да доведе до суспензија или раскин на членството.